343
Лидерот на СОНК, Јаким Неделков денеска очекува да се затвори прашањето со деновите од штрајкот и исплатата на платите во градинките за периодот кога штрајкуваа.
-Тоа значи вработените да си ги добијат платите и да го решиме тој проблем. Очекуваме позитивни вести и за кратко ќе се обратиме пред јавноста, рече Неделков пред влегувањето во просториите на Министерството за труд и социјална политика, каде ќе се сретне со министерката Јованка Тренчевска.
Ставовите и на двете страни се приближени. До крајот на неделава се најавува заедничко прифатливо решение во рамките на законите.
На последната средба меѓу МОН и СОНК, министерот Јетон Шаќири информира дека е постигнато начелно решение за 15% повисоки плати на просветните работници.