Неделков: Очекуваме сума која не би можеле да ја одбиеме

од Nikola Popovski
657 прегледи

Очекуваме добра сума која ќе ни понудат владата преку Министерството за финансии, која што не би можеле да ја одбиеме. Буџетот тука се крои, касата е тука, парите се тука и затоа очекуваме добра сума. Конструктивен предлог кој што ќе го понудиме пред членството, па тие како ќе одлучат, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред денешните предговори со министерот за финансии, Фатмир Бесими околу висината на платите во образованието.

Според Неделков, за нив прифатливо е 18,4% сега и дополнително усогласување на минималната плата со колективните одговори.

-Барањата на Тренчевска се невозможни. Сепак таа има такво право затоа што е донесен небулозен закон во 2014. Ова може да го сметаме и како притисок за штрајкувачите, рече Неделков откако министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изјави дека доколку не биде постигнат и вработените штрајкуваат, директорите на градинките мора да најдат начин да ги згрижат децата кои ќе дојдат.

Слични содржини