Неделков: Само 10 % од работниците се задоволни од скалестото зголемување на платите

од Nikola Popovski
334 прегледи

Незадоволство има, но не поради висината на минималната плата, туку од причина што задоволството се однесува само на 10% од вработените. За останатите не се однесува. Добро е што во Законот за минимална плата е регулирано, вели претседателот на СОНК, Јоаким Неделков.

Тој смета дека не требаше да се доведуваме во ваква ситуација за протести, ако тоа постои во Законот.

-Четири години бараме од надлежните и министерствата и не успеавме да издејствуваме да го применуваат Законот. Мораме да бидеме легалисти. Зошто и Владата да не го почитува? Требаше досега да има механизам. Одамна е проблемот. Разликите кога беа многу мали за усогласување не се изнајде модел, а сега навистина се сериозни бројки и да се пристапи кон проблемот, појаснува Неделков.

Слични содржини