Неделков: Собирањето на наставниците пред СОНК не доликува на просветни работници

од Берта Китинска

Просветните работници кои вчера се собраа на протест пред седиштето на СОНК, се најверојатно изманипулирани или неинформирани, вели претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

– Вакви неидентификувани собирања каде не знаеме кој е организатор, ниту која е целта, не води кон ништо и веројатно тоа е добар обид за ослабување на позициите на СОНК, рече Неделков на денешната прес-конференција.

Тој најави дека ваквите собирања нема да го поколебаат да работи според закон и да се залага за правата на работниците.

– Досега сме имале многу штрајкови и секогаш сме излегувале со резултати, меѓутоа вакво т.н. спонтано собирање на двапати не личи на просветни работници. Јас на секому ќе му се извинам ако го навредам, меѓутоа ваквото однесување не води кон ништо. Секој нека биде свесен дека мене нема да ме поколеба да работам согласно закон, да градам партнерски однос и да се залагам за правата на работниците, рече Неделков.

Слични содржини