Некои болести се појавуваат без изразени симптоми, а истото може да се каже и кога станува збор за недостаток на одредени витамини во организмот.
Од почетокот на пандемијата на коронавирус, сите експерти истакнуваат дека една од најважните хранливи материи е витаминот Д, неговиот недостаток може да влијае не само на физичката, туку и на менталната состојба.
Недостаток на овој витамин може да се манифестира на доста невообичаени начини. Една од нив, на пример, е често плачење, вели фармацевтката Сузи Коен.
Ако некое лице нема доволно од сончевиот витамин, веројатноста за развој на депресија се зголемува на која било возраст.
Покрај тоа, мускулната слабост, необјаснетата надуеност и осип на кожата се исто така на списокот на невообичаени симптоми на недостаток на витамин Д. Честите настинки како резултат на намален имунитет, исто така, можат да укажат на проблем.
Недостаток на витамин Д исто така може да предизвика влошување на состојбата на ноктите и косата. Овој витамин се наоѓа во одредена храна, но во недоволни количини.
Може да го внесете во организмот преку додатоци или природно – со изложување на сонце, бидејќи така најдобро се синтетизира, па сега е вистинското време да впиете дел од оваа хранлива материја.