Ново истражување објавено во списанието Nature покажува големо совпаѓање со географската ширина и наглото зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19 во повеќето европски земји за време на есента – укажувајќи на витаминот Д како фактор што придонесува за тоа.
Датумот на скок на бројот на случаите во земјите одговара на времето кога дневната доза на сончево УВ зрачење паѓа под 34 проценти од онаа на нулта степен на географската ширина, пренесува „Гардијан“.
Неколку студии веќе го потврдија влијанието на концентрацијата на витаминот Д врз сериозноста на симптомите на ковид-19.
Резултатите укажуваат дека ниската концентрација на витамин Д е фактор што придонесува за сериозноста на ковид-19, што во комбинација со претходни студии обезбедува убедливи докази, наведува „Гардијан“.