Недостиг на сперма во Нов Зеланд

од Vladimir Zorba
94 прегледи

 

Недостигот на сперма станува голем проблем за новозеландските двојки и жени кои по пат на вештачко оплодување со помош на донатори сакаат да имаат дете, пишува Гардијан.5899560a5bd6e722018acaa5bcb29b0d-300x225

Една жена од Нов Зеланд рече дека се шокирала кога одлучила да забремени по пат на вештачко оплодување со помош на донатор и дознала дека списокот на чекање на сперма е долг две години. Жената изјави дека сепак ќе чека на донатор, но во меѓувреме секако ќе се обиде да забремени по природен пат.

Проблемот со дефицит на сперма го потврди и докторката Мариј Бирдсел од клиниката „Fertility Associates“, специјализирана за вештачко оплодување и донирање сперма. Брисал наведе дека проблемите со недостиг на донатори почнале од 2004 година со измените на законот и дека имаат се помалку донатори откако не им било овозможено анонимост и финансиски надомест.

Освен тоа што разни компании се уште не пронаоѓаат доволно донатори, од клиниката размислуваат за увозот на сперма од другите земји.