Знамето на Република Северна Македонија се вее од тераса во населбата „Ќучук Париз“ во Пловдив. Кадрите се од социјалните мрежи и според авторите на материјалот, „логично предизвикал негативни реакции“ во позадина на тензијата меѓу Бугарија и РСМ, пишува сајтот „трафикњуз“ со наслов „Провокација или патриотизам“.
Повеќето коментари на социјалните мрежи содржат споредба на односот кон Бугарите во Македонија и секако потеклото на тамошното население.
„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напиша еден од корисниците. Во продолжение одговорот: „Едноставно ако го облечеш ќе изедеш голем ќотек а тука си траеме…“.
Еден човек пишува дека во блокот живеел Македонец долги години, но до сега таму немало такво знаме.
„Во никој случај, не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на Фејсбук“, напиша друг корисник.
„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новоизлезениот Македонче може да се шета по маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија!!!“, изјавува друг жител на соседството. .