Нехамер: С. Македонија има премиер којшто многу добро ја познава европската економија

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Австрискиот канцелар Карл Нехамер, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски изјави дека политичарите ќе дадат се од себе да продолжат добрите односи за продлабочување на соработката. Според него, австриските компании во земјава имаат добри можности за раст.

-Северна Македонија има премиер којшто многу добро ја познава европската економија, ги познава австриските претпријатија многу добро и во овој поглед претставува мост да се продолжи со економскиот раст на Северна Македонија. Австрија е веќе голем инвеститор во С Македонија. ЕВН инвестира, но и А1 телекомуникациската компанија и искуствата од С Македонија се крајно позитивни така што сите политичари ќе дадат се од себе да се продолжат ваквите добри односи затоа што и двете страни имаат полза од тоа, рече Нехамер.

Слични содржини