Пандемијата на коронавирусот воспостави повисоки критериуми и мерки за хигиена, кои вклучуваат детално миење на рацете, темелно и внимателно.
Но, она на кое ретко помислуваме е колку бактерии и нечистотии се задржуваат под ноктите. Многу медицински лица се согласни дека надоградените нокти се вистинско легло на микроорганизми, бидејќи тешко се мијат.
Гелот и пластиката најпрво го прекриваат вашиот природен нокт, но исто така на нив лесно се задржуваат бактерии, нечистотии, па дури и вируси, поради нерамнините и корекциите кои се направени. А мора да признаете дека е навистина тешко темелно да се измие површината под ноктот.
Затоа, наместо тоа, подобро е во овој период воопшто да не чувате долги нокти, за да избегнете задржување на опасни честички под нив.