Неисправни кочници и уреди за управување откриени кај возила кои превезуваат патници

од desk2
90 прегледи

Неисправени уреди за кочење и за управување, неисправни светлосно сигнални уреди, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема, се недостатоци што се откриени кај автобуси и возила кои вршат јавен превоз.


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека неправилностите се откриени при вчерашната акциска контрола во Скопје во која биле контролирани 110 автобуси и возила.

На дополнителни проверки во станица за технички преглед се упатени 25 возила кои вршат јавен превоз на патници. Преземени се вкупно 33 мерки за сторени прекршоци, односно 15 прекршочни платни налози, 12 возила се исклучени од сообраќај и поднесени се шест барања за поведување на прекршочна постапка.