Нејмар патува за Париз, утре се решава иднината на Бразилецот

од Vlatko K
134 прегледи

Шефовите на Пари Сен Жермен со нетрпение го очекуваат Нејмар да се врати во Париз откако Бразилецот не се појави за стартот на предсезонските подготовки на 8-ми јули. Најновите информации се дека напаѓачот ќе се качил на авионот синоќа и ќе биде утре во францускиот главен град. Во понеделник ќе се одржи средба меѓу него и спортскиот директор на парижаните, Леонардо, по што ќе има поголема јасност околу иднината на ѕвездата.

Не е тајна дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона. Таквата трансакција изгледа многу комплицирана, главно поради цената на 27-годишниот ас, но Каталонците се подготвени да го направат она што е потребно за да го вратат назад на „Камп Ноу“.

Иако од ПСЖ официјално го критикуваа Бразилецот за неговото доцнење, неговиот татко изјави дека Нејмар има право на една недела дополнителна одмор поради повикот за националниот тим на Бразил. Напаѓачот сепак не играше на Копа Америка, бидејќи се повреди пред почетокот на турнирот.