Нејмар стана фудбалерот со највисока плата во светот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Благодарение на новиот договор со Барселона напаѓачот Нејмар ќе заработува не само повеќе пари од клубскиот колега Лео Меси, но и од секој друг фудбалер на планетата.

4923966 (1)

Веќе стана јасно зошто Нејмар не брзаше да потпишува нов договор со каталонците – Бразилецот успеа да го добие најскапиот договор во историјата на светскиот фудбал. Барселона беше подготвена да направи се за да ја задржи својата ѕвезда. Нејмар имаше поволни понуди од ПСЖ и Манчестер Јунајтед, како и од големиот ривал на каталонците во Шпанија – Реал. Земајќи ги предвид овие околности, Барса мораше да се согласи да ги исполни сите услови на Нејмар. Сега тој ќе заработува чисти 25 милиони  евра годишно. Тоа е со три милиони повеќе отколку во моментов добива Меси. Нејмар може да биде купен од друг клуб за 200 милиони евра на првата година по потпишувањето, за 225 милиони. На втората и за 250 милиони. На третата. За 3 години кариера во Барселона Нејмар учествуваше во 141 натпревари, во кои реализира 85 гола.