Нејнски: Македонската Влада прави обиди за да го заобиколи францускиот предлог, но го губат времето на сопствените граѓани

„Бугарија едноставно сака да ги заштити луѓето што имаат бугарски идентитет и сака да биде сигурна дека има сосед со кого може да има нормални политички, економски и културни односи“, вели в.д. министерката за надворешни на Бугарија

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Надежда Нейнски

„Секакви обиди се прават од страна на сегашната влада во Република Северна Македонија да го заобиколи европскиот консензус, да започне повторно преговарање“, изјавила утрово вршителката на должноста министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски. Според неа, „сите обиди се насочени кон сопствените граѓани, чие време навистина се губи со вакви политички игри, наместо да се почитува она што веќе е договорено“.

„Тврдат дека Бугарија постојано ги ескалира своите барања. Такво нешто не постои. И сите добронамерни набљудувачи го знаат ова. Бугарија едноставно сака да ги заштити луѓето што имаат бугарски идентитет, сака да биде сигурна дека има сосед со кого може да има нормални политички, економски и културни односи.

„Ние го направивме она што требаше да го направиме во моментов“, кажала Нејнски за „БНТ“, додавајќи дека конструктивната позиција на Бугарија е диктирана од фактот дека ова сега е европско прашање, а не билатерално прашање.

Таа потенцирала дека фактот е дека ова не е билатерално прашање меѓу Бугарија и Македонија.

„Ова е веќе прашање меѓу Република Северна Македонија, која сака да започне членство во Европската Унија и самата Европска Унија. Нормално е земја-кандидат да се придржува кон овој европски консензус, кој вклучува прекин на говорот на омраза и вклучување на бугарското малцинство, заедно со другите малцинства, во Уставот на Македонија“, кажала в.д. министерката.

Според Нејнски, како што вели, агресијата врз бугарските граѓани во Македонија уште еднаш покажува колку е важно „вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и прекин на говорот на омраза“.