Нејзините голи фотографии го красат новиот број на „Плејбој“ – „Ова ќе го сруши интернетот“

од desk2
256 прегледи

Американската ријалити ѕвезда, старлета и деловна жена, Кајли Џенер, ги воодушевила своите следбеници на Инстаграм со најновите фотографии кои ќе се најдат во новиот број на американското списание „Плејбој“.

Оваа млада убавица ја прифатила понудата од „Плејбој“ да се соблече за нивното списание и да го покаже своето тело кое на многу од мажите, но и од жените им се допаѓа.

https://www.instagram.com/p/B2W0S7anGVQ/?utm_source=ig_embed

Се очекува новиот број на списанието за мажи да ги сруши сите рекорди затоа што убавата Кајли Џенер ќе се појави во повеќе од провокативно издание – гола.

Кајли на својот профил на Инстаграм објавила три нови фотографии од снимањето кои за кратко време добиле над милион лајкови.

На фотографиите Кајли позира гола и мокра, покриена со тенка проѕирна ткаенина.

https://www.instagram.com/p/B2XFgRunJlS/?utm_source=ig_embed

Пред неколку денови таа ја објави и првата фотографија на која позира гола со својот партнер Тревис Скот.

Фотографијата добила речиси 14 милиони лајкови.

„Ова ќе го сруши интернетот“ и „Од ова може да се умре“, се само некои од коментарите на нејзините објави на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B2XELzrHJm9/?utm_source=ig_embed