244
Ако се пружи простор, ќе ги намалиме цените на месните производи. Владата е максимално коректна кон нас и не можеме ние да вратиме со лошо однесување, вели директорот на „Пекабеско“, Слободан Кутревски.
Тој порача дека „нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите“.
-Струјата беше еден од главните причинители. Имате нафта, суровини, репроматеријали, имате плати. Што да правиме ние? Дојдете на мое место и направете го тоа што го прашувате, рече Кутревски при посетата на владина делегација на компанијата „Пекабеско“.
За укинување на увозните давачки за замрзнатото месо, тој вели дека тие како месна индустрија го бараат, но државата треба да го одобри.