Некогашната секс бомба денес е непрепознатлива: Позната актерка „претера“ со ботокс (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Хедер Локлир е фотографирана на улиците на Калабасас, Калифорнија, а ретко кој би можел да ја препознае.

Таа веќе неколку месеци не се појавува во јавноста, а сега се забележува дека изгледа сосема поинаку.

Нејзиното лице изгледаше отечено, додека очите и беа едвај отворени.

Причината за нејзиниот поинаков изглед веројатно е резултат на бројните естетски корекции, но и долгогодишното консумирање алкохол. Хедер своевремено го оперираше носот и стави филери во образите, а се чини дека претерала и со ботоксот.

Хедер своевремено медиумите ја карактеризираа како секс бомба, важеше за перспективна и талентирана актерка. Пред неа имаше светла кариера, но низата лоши одлуки и бракови како и зависностите ја доведоа до пропаст. Медиумите порано беа особено заинтересирани за љубовниот живот на актерката.

Од 1986 до 1993 година, таа беше во брак со тапанарот на Mötley Crüe, Томи Ли, кој подоцна се омажи за Памела Андерсон. Нивната врска ја заинтригира јавноста, а по разводот актерката не тагуваше долго. Таа се вљуби во гитаристот на Бон Џови, Ричи Самбора. Двојката се венча во Париз во 1994 година и ја доби ќерката Ава (22). Тие се разведоа во 2006 година, а поради ќерката останаа во добри односи.

Слични содржини