Некогашниот “најверен другар” на Ципрас избега од Сириза и го формира „Популарно единство“

од desk3
93 прегледи

Вкупно 25 пратеници на владејачката Сириза денеска одлучија да станат независни и формираа нова парламентарна група „Популарно единство“, чиј лидер е Панајотис Лафазанис.

download (2)

Новата парламентарна група е побројна од третата избрана партија во Парламентот, Златна зора, и според Уставот, ќе го добие третиот мандат да формира влада.

Според Уставот на Грција, ако една влада поднесе оставка во рок од една година од последните избори, претседателот на земјата треба да врачи прелиминарен мандат на лидери на опозицијата, кои ќе се обидат да формираат влада, почнувајќи од најголемата партија. Мандатот трае три дена и ако напорите не успеат, мандатот и се доделува на втората по големина опозициска партија, а потоа на третата. Ако сите овие обиди да се формира нова влада пропаднат, тогаш претседателот закажува избори./МИА