МВР информира дека во изминатите два дена дошло до физички инциденти во близина на Градскиот парк во Скопје.
На 07.04.2023 во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.Т.М.(41) и А.С.(45), двете од Скопје, пријавиле дека околу 21:35 часот во Градскиот Парк нивните малолетни синови биле физички нападнати од три лица.
На 08.04.2023 во 21.34 часот во СВР Скопје, А.Н.(18) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект во Градски парк бил физички нападнат од неколку лица, кои му барале пари.
Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.