Неколку мажи откриваат што им е најодбивно кај жените

од desk2
154 прегледи

Сигурно сте се нашле во ситуација кога сте биле во дилема и не сте биле сигурни што некој маж мисли за вас. Веројатно се прашувате што му се допаѓа, а што не, каде грешите и слично. За да ѝ ставите крај на вашата дилема, погледнете што имаат да кажат неколку мажи за нештата што им се одбивни кај жените.

„Премногу шминка. Ако после бакнувањето имам потреба да се измијам или ако имам чувство како да се бакнувам со шишенце пудра, веднаш ми станува одбивно. Затоа, штом забележам дека жената има премногу шминка, се повлекувам.“

„Кога танцуваат лошо. Може да биде и најубавата жена на светот, но ако нема ритам и ако танцува смешно, веднаш губам интерес.“

„Пцуење. Многу ми се допаѓаше една девојка од факултет, но откако се запознавме и откако прозбори, веднаш изгубив интерес. Секој втор збор ѝ беше пцовка. Тоа воопшто не ми изгледа женствено и навистина ми е одбивно.“

„Незаинтересираност. Не сакам жени кои изгледаат како секогаш да им е здодевно. Еднаш излегов на слеп состанок со девојка која беше навистина убава. Но, после половина час сакав да побегнам. За што и да зборувавме, изгледаше како да нема никакви амбиции, сè ѝ беше сеедно. Сакам страсни девојки.“

„Вкус за музика. Ова ми е важно. Нема смисла да бидам со девојка која ми кажала дека слуша народно. Па дури и да изгледа како Жизел Бундхен.“/Kafepauza

Слични содржини