157
Неколку земји воведоа ограничувања за патниците од Кина поради порастот на случаите на коронавирус во земјата, откако Пекинг ги олесни строгите мерки и ја напушти својата политика на „нулта толеранција Ковид-19“.
Во објаснувањето за причините за воведувањето на ограничувањата се наведува „недостатокот на информации од Кина за варијантите на вирусот, бројот на заболени, како и степенот на епидемијата“, наведува Ројтерс.
Соединетите држави ќе воведат задолжителни тестови за КОВИД за сите патници кои пристигнуваат од Кина почнувајќи од 5 јануари.