Нема активно горење, но пожарот кај Богданци се уште не е под контрола

од Nikola Popovski
258 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека нема активно горење на пожарот кај Богданци, но пожарот сѐ уште не е ставен под контрола.

Најавено беше дека тимови на повеќе институции и противпожарни бригади денеска околу 6 часот ќе продолжат со гаснењето на пожарот.

Се уште може да се забележи чад на повеќе места на засегнатиот простор.

Пожарот, кој гореше повеќе од десет часа, изгоре повеќе од 500 хектари шума и ниска вегетација. Пожарот поминал покрај четири ветерници во блискиот ветерен парк, но не ги оштетил.

Засега нема опасност по населението, велат надлежните. Причината за пожарот не е утврдена, но властите се сомневаат дека е предизвикан од човечки фактор.

Слични содржини