Нема анкета на која води СДСМ, време е за избори, реагираат од опозицијата

од Vladimir Zorba
178 прегледи

„Анкетите се најдобар одговор на лажните изјави на Кузеска. Нема анкета на која СДСМ води. На СДСМ му се случува убедлив дебакл. Од владеењето на Ковачевски околу 62% не се задоволни граѓаните во Македонија“, реагираат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Кузеска.

„Резултатите од последната анкета потврдуваат дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори.

Резултатите од анкетата на ИПСОС покажуваат дека Македонија со Ковачевски и СДСМ тоне во катастрофа, граѓаните се незадоволни. ВМРО-ДПМНЕ има речиси двоцифрена предност пред СДСМ.

„Состојбите во државата и ставот на народот е најголемиот импулс за брзи предвремени избори за спас од националната катастрофа. Анкетите само потврдуваат дека време е за избори!“, се додава во реакцијата.