Нема апсолутно ништо ново во преговорите што ги води белгискиот посредник Питер Ванхауте, велат денеска извори од опозицијата запознаени со работата на работната група за РСЕ. Од таму додаваат дека останува само формата на одделни консултации на Ванхауте со партиските претставници.
Од другите партии вклучени во разговорите нема информации за тоа што се случува, а и самиот Ванхауте вчера преку електронска пошта соопшти дека во текот на следниот период нема да дава изјави, а доколку имало прогрес во преговорите, ќе ги известувал медиумите писмено. И тој информираше дека се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања: изборот на преостанатите јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како и именувањето на министри и заменици министри во Владата.
Повеќе ТУКА
