Тој кажа дека доколку некој мисли со сила да изгласа претседател на комисијата ќе си ги сноси последиците. На новинарско прашање на какви последици мисли, Димовски кратко одговори „ќе видите во моментот“.
Претставници на парламентарните политичките партии на денешната координативна средба во Собранието постигнале договор за составот на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата како услов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница.
Партиите се согласиле шест членови во комисијата да бидат од ВМРО-ДПМНЕ, петмина да бидат од СДСМ, а по еден член да имаат ДУИ и Беса.
Претставниците на парламентарните групи продолжение на седницата за избор на претседател закажаа за утре напладне