Нема да добиете ништо од нив: Четири хороскопски знаци кои мразат да купуваат новогодишни подароци

од Nikola Popovski
462 прегледи

Додека празничната сезона за многумина значи радост, сјај и подарување за саканите, некои хороскопски знаци го доживуваат овој период од годината со помал ентузијазам, особено кога е во прашање празничниот шопинг. Погледнете кои хороскопски знаци посебно мразат да бараат и подарат совршен подарок и зошто.

1. Водолија

Водолиите се познати по својата неконвенционалност и независност. Самата помисла дека мора да ја следат традицијата на купување подароци често ги фрустрира. Сакаат да бидат оригинални и креативни, а купувањето подароци може да изгледа премногу комерцијализирано и неавтентично.

2. Девица

Девиците, кои се стремат кон перфекционизам и детални анализи, често може да се чувствуваат преоптоварени од изобилството на избори и комерцијалниот притисок за време на празничниот шопинг. Преферираат практичност и функционалност, а залудното пазарење со неизбежната гужва и хаосот не е нешто што им причинува задоволство.

3. Јарец

Јарците сакаат структура и практичност во сè што прават, вклучително и во шопинг. За време на празничниот шопинг обично се троши повеќе отколку што е потребно или практично, што може да му направи непријатно на прагматичниот Јарец. Тие претпочитаат планиран пристап и не сакаат да губат време во гужви и редици.

4. Скорпија

Гужвата и површноста на празничниот шопинг може да бидат крајно вознемирувачки за Скорпиите. Тие претпочитаат длабоки и значајни подароци, а идејата да мора да учествуваат во комерцијализирана потера по подароци е спротивна на нивниот автентичен пристап кон животот.

Слични содржини