Нема да има прегласување во Желино

од Nikola Popovski

Управниот суд ја прифатил тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино. Тоа значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидатот на Беса.

Ова следи откако партијата изрази револт поради приговорот на ДУИ до ДИК, што Беса го искористи како повод да се потпише на иницијативата за гласање доверба на Владата во која и таа се уште учествува.

– Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада, објави пред неколку дена, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, од редовите на БЕСА.

Државната изборна комисија тогаш ги прифати приговорите на ДУИ и со 6 гласа „ЗА“ одлучи да има прегласување во избирачкото место 2107 во Желино.

Од контролата во изборниот материјал било констатирано дека има неусогласеност во податоците во записникот, додека исто така е констатирано дека едно лице гласало со неважечка лична карта.

Слични содржини