Нема да има тестирање против Ковид-19 на самите граници

од Берта Китинска
395 прегледи

Од Владата појаснуваат дека ПЦР тестот е документ кој се бара и во други држави, па граѓаните мора да го имаат и дека тоа не претставува дополнителен трошок за граѓание.

-Сите мерки кој ги носи Владата на Република Северна Македонија се по препорака на Комисијата за заразни болести. Овие документи треба да се приложат при излез од нашата држава. Секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува и во големиот дел на европските држави и светски треба да ги приложи истите документи, сертификат за вакцинација две дози и ПЦР негативен 72 часа., изјави Хоџа.

Оттаму додаваат дека нема можност за тестирање на граничните премини, туку граѓаните ПЦР тест да направат пред да пристигнат на граница.

Слични содржини