Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази сомневање за потребата од четврта доза вакцина против коронавирус, велејќи дека во моментов нема податоци за поддршка на овој пристап бидејќи се потребни повеќе информации за сојот „омикрон“, кој брзо се шири.
Менаџерот за стратегија за вакцинација на ЕМА, Марко Каваљери, верува дека повторно вакцинирање во кратки интервали не би биле одржлива долгорочна стратегија.
Тој изрази загриженост дека стратегијата за давање „бустер“ дози на секои четири месеци потенцијално претставува ризик од преоптоварување на имунолошкиот систем и дека тоа може да доведе до замор на населението.
Каваљери на прес-конференција рече дека се потребни повеќе податоци за ефектот на новата варијанта врз вакцините и подобро разбирање на еволуцијата на сегашниот бран за да се одлучи дали е потребна вакцина специјално за „омикрон“ и дека е важно во иднина да се пронајде соодветен пристап за да се спречи појава на нова варијанта
ЕМА соопшти дека во моментов разговара со производителите на вакцини во случај да биде потребна ажурирана вакцина, истакнувајќи дека секоја промена од тој тип треба да биде глобално координирана, пренесе Хина.