НЕМА КРАЈ: Биткоинот достигна рекордна вредност

од Берта Китинска

Биткоинот порасна за 8,5 проценти на 40 000 американски долари, објави порталот CoinDesk, Цената на криптовалутата денес по втор пат го достигна својот историски максимум.

Новиот бран на инвеститори за крипто-валути  се повеќе зема замав, што го потврдува новиот пораст на биткоинот, кој достигна нов историски рекорд  ја сруши вкупната вредност на пазарот на виртуелни пари на износ од 1.000 милијарди долари.

Според компанијата Coin Metrics, најстарата и најголема криптовалута во светот вчера се тргуваше утрово околу 7:00 часот по источно време на ниво од 38.080 долари, само неколку часа откако го надмина нивото од 37.000 долари, пренесува телевизијата CNBC.

Биткоинот зајакнува за 7,0 проценти на дневна основа, додека од почетокот на 2021 година бележи раст од околу 30 проценти. Во последните 12 месеци, нејзината цена се зголеми за скоро 370 проценти.

Вредноста на целиот пазар на криптовалути, на која, покрај биткоинот, се тргува и со други дигитални монети како етреум и тетра, денес за прв пат надмина една милијарда долари.

Биткоинот е убедливо најдоминантната криптовалута, со пазарна вредност од над 700 милијарди долари.

Вртоглавиот раст на цената на биткоинот се припишува на низа фактори, вклучително и поголема набавка од големи институционални инвеститори, вклучително, на пример, инвеститорот магнат Пол Тудор Џонс.

Слични содржини