Нема прецизен датум кога ќе продолжат преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и работната група на Министерството за правда околу Законот за иднината на специјалното обвинителство. Неформална комуникација има секој ден, вели вицепремиерот Бујар Османи – ја смирува тензијата меѓу Дескоска и спикерот Талат Џафери кои се во јавна конфронтација дали треба да има собраниска седница или не за време на изборната кампања, јави Алсат М.

„Првиот чекор е да се постигне консензус. Да стигнеме ние до тој момент кога имаме бројки за да го поминеме законот, односно имаме консензус, другото е многу лесно“, рече Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања.
Според Османи, опозицијата повеќе се занимавала за прашања за тоа на чиј предлог ќе се бира јавен обвинител, отколку за други елементи од Законот за јавно обвинителство. Оптимист е дека законот ќе се донесе до затворањето на годишниот извештајот на ЕК за земјава, зашто СЈО е еден од трите столба во борбата против корупцијата. Извештајот ќе се објави на 29 мај, а на 18 јуни ќе заседава врвот на Унијата за можноста Македонија да добие датум за старт на преговори.
„Очекуваме дека ќе добиеме еден од најдобрите извештаи од досега добиените и ќе добиеме кристално чиста препорака“, додава Османи.
Во Германија и Холандија таквата одлука треба да помине и во парламентите заради што Османи најавува дека заедно со министерот за надворешни Никола Димитров ќе го посетат Берлин и ќе имаа средби во Бундестагот./Алсат М