Миле Крстаноски, претседател на синдикатот на ЕМО Охрид, вели дека нема никаков резултат од најавите на институциите за помош на компанијата-информира РСЕ.
„Слушате по медиумите дека 80 отсто од ЕМО работи, но за жал, како може да работи една институција или фирма кога нема 6-7 месеци струја, нема греење, а нема ниту работа. На 5 март бевме повикани од премиерот Груевски, за од прва рака да ги слушне информациите за ЕМО. Премеирот не вети конкретно ништо“, рече Крстаноски.
Вработените деновиве протестираа низ охридските улици, а најавуваат дека секој понеделник заедно со своите семејства ќе го прошират штрајкот и ќе протестираат низ Охрид.
„Нема ништо, ниту пари даваат, ниту статусот го решаваат. Што е работава не знаеме. Наместо на децава да им даваме пари, од нив земаме. Тешко е, многу тешко. Колку луѓе останавме на улица, ни плата, ни здравствено, ни ништо. Ние сме феномен невиден досега, овој феномен го нема никаде во светот, се водиме како вработени, а изгубени, во другите институции те нема никаде“, вели вработен во ЕМО.
Повеќе ТУКА
