„Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале“

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа многу сериозно, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да се вакцинираат.

Според податоците од синоќа од Институтот за јавно здравје, од направени 5589 тестирања има 539 нови случаи на Ковид-19, 41 починато лице и 245 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во државава е 13.261.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број ковид-дијагностицирани во државава изнесува 186.549, бројот на оздравени пациенти е 166.851, а на починати е 6.437.

Слични содржини