Нема опасност од нов бран, следува забрзана вакцинација

од Берта Китинска
426 прегледи

Здравствените власти најавија дека околу 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните дваесет дена.

Се очекува в недела да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19  „Синовак“ , а денеска уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот.  Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

– Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека тоа ќе биде в понеделник или во вторник, ќе се дистрибуираат ширум државата. Во однос на планот за вакцинација, очекувам дека околу 180.000 граѓани кои се пријавени а сеуште невакцинирани, да бидат вакцинирани во следните дваесет дена. Исто така, следува приоритетна вакцинација на наставниците како сите ученици би можеле од септември да се вратат на настава со физичко присуство во училиште. Апелирам уште еднаш граѓаните кои се немаат пријавено за вакцинација да го направат тоа на vakcinacija.mk, информираше Флипче.

Епидемилошката состојба е стабилна и нема опасност од нов бран на ширење на вирусот ниту пак од масовна појава на т.н. „индијски сој“ кој е далеку повирулентен од останатите.

„Засега нашата процека и сите анализи кои ги правиме вклучително и следејќи ја состојбата во околните земји укажува дека голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема. Но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и затоа будно ја прамие состојбата. Има случаи на граѓани заразени со индискиот сој кои биле вакцинрани. Добро е што во огромен број, околу 97 отсто, не бараат хоспитализација и имаат лесна клиничка слика“, објасни Филипче.

Според официјалните податоци на министерството за здравство вчера се вакцинирале 6.478 граѓани од кои 3.712 ја примиле првата доза. Вакцинацијата се одвива со вакцините на „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ додека во процесот ревакцинацијата се користат вакцините на „Синофарм“, „Фајзер и Астра Зенека“. Досега се аплицирани 494.909 дози.

Слични содржини