Сите што се на списокот за присуство а не се во собраниската сала ќе бидат пречкртнати од списокот со кој им се дава право на пратениците на патни трошоци.

Ова на дело го спроведе претседателот на Законодавно – правната комисија Петре Шилегов, кој најави дека во иднина ова ќе биде правило.
„Не може да се потпишете дека сте присутни, а да не сте во салата, и да барате надомест за патни трошоци, затоа што доаѓете од друго место“, рече Шилегов.
Граѓанската иницијатива за зголемување на породилното отсутво од 9 на 18 месеци беше отфрлена со 9 гласови „за“ на мнозинството и „5“ против на опозицијата. Мнозинството ќе бара измени во Законот за работни односи, а опозицијата ќе поднесе посебен закон.