Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок заклучи дека во моментов во Македонија нема потреба од ограничување на движењето.
Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати.
Од Комисијата за заразни болести сметаат дека епидемиолошката слика во земјава не е најдобра, но ситуацијата ја следат од ден во ден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.