Тенденцијата на секој вирус е да зарази што повеќе луѓе. Ново мутираниот вирус опстојува подолго време во организмот. Оваа мутација не е од сега, сега ја гледам нејзината клиничка слика, а најверојатно се појавила во август или септември, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.
„Настана и психоза и паника со новиот вирус, но нема потреба толку трагично да се разбираат работите. Секој вирус си има развојни етапи. Целта на вирусот е да зарази што повеќе луѓе. Се смета дека околу 4.000 мутации веќе се случиле, а некои се посилни од оригиналниот вирус. Во Лондон постепено овој вирус се пренесувал од еден на друг и го истиснувал претходниот вирус. Досега проценките беа дека 1 човек заразува максимум до 1.5 луѓе околу него. Колку поголема количина исфрлена аеросоли од организмот, толку поголема опасност од зараза“ – вели Беќаровски.