Нема повредени по пожарот во продавницата во центарот на Неготино

Станарите на зградата биле евакуирани, а пожарникарите за брзо време откако било пријавено пристигнале на местото.

од Vladimir Zorba
60 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Тазе

Голем пожар се случил синоќа во Неготино во продажен простор што деновиве требаше да почне со работа.

Станарите на зградата биле евакуирани, а пожарникарите за брзо време откако било пријавено пристигнале на местото.

Пожарникарите со навремена интервенција не дозволиле да се прошири големиот пожар што синоќа изби во центарот на Неготино, изјави утрово за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.