Нема повредени во пожарот во „Рагуза“

од Берта Китинска
253 прегледи

На 07.08.2021 во 23.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на покривот од катната гаража „26 Јули“ на бул.„Кирил и Методиј“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увидот е во тек, информираа од МВР.

Сопственикот на Рагуза преку својот Фејсбук профил упати денеска благодарност до противпожарната служба и Шилегов.

-Ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да ве известиме дека за среќа нема жртви ниту повредени. Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба.Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена,напиша на Фејсбук Перица Големеиќ.

Слични содржини