Почина Мирко Голомеиќ, сопственик на ланецот „Рагуза“

од Nikola Popovski

Еден од најдобрите угостители во Македонија, Мирко Голомеиќ почина денеска по кратко боледување од срцеви компликации. Тој пред само неколку дена наполни 59 години. Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.

Мирко го знаеме како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.

Неговото дело e присутно во оваа групација, и ќе го знаеме како човек кој повеќе од 25 години се посвети на квалитетно искуство и вкусна храна, инвестирање во иновативни технологии за храната, секогаш уникатни специјалитети и создавање на пријатен амбиент за секоја пригода. Рагуза360, неговиот ивент центар беше посетен и од папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од уникатните специјалитети создадени од вештоте раце на Мирко.

Бизнисот го започна во 1993 година, кога заедно со семејството го отворија ресторанот „Мирко 919”, кој сега е познат по името „Рагуза919“ место кое докажа дека со упорноста и вербата во сопствената идеја, успехот е неизбежен.

Делото и упорноста во создавање на квалитет се по што тој ќе биде запаметен.

Би сакале да упатиме искрено сочувство кон семејството.

Слични содржини