Нема притвор! И градоначалникот на Гази Баба останува само без пасош

од Vladimir Zorba
129 прегледи

  И градоначалникот Тони Трајаковски тврди дека нема да бега .

Жалбите на Специјалното јавно обвинителство за обвинетиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ за незаконското уривање на објектот Космос се одбиваат, одлучи Апелациониот суд, а се одбива и неговата жалба за против одлуката за одземање на пасошот, објави Макфакс, повикувајќи се на одлуката на Судот, којашто се уште не е објавена на веб страницата.

-Ставот на овој суд да ја прифати одлуката на првостепениот суд и да не го прифати предлогот на СЈО за определување на мерката притвор према обвинетиот, го поткрепува фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и даде ветувања за присуство во понатамошниот тек на истата, па судот оцени, а имајќи ги во предвид сите околности на случајот и изнесените од страна на странките, дека ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка, пишува во образложението на одлуката.

Со тоа Трајковски останува без пасошот и со обврска да се јавува еднаш неделно во Судот.

На јавната седница во Апелација пред два дена, Специјалното обвинителство повторно побара мерка притвор за градоначалникот на Гази Баба, бидејќи како што рече обвинителот Гаврил Бубевски тој три пати игнорирал покани за распит.

-Обвинетиот не покажа никакво почитување кон Специјалното обвинителство. Да примите 3 покани и да не дојдете, не знам освен притвор, што друго да се примени кон вас. Вие утре нема да доаѓате ни на судење. Има опасност обвинетиот да избега. Тој е на крајот на градоначалничкиот мандат. Има на товар две сериозни кривични дела. Државата треба да биде претпазлива, рече Бубевски и покажа 3 покани кои Трајковски ги примил, а не дошол на распит во СЈО.

Сеак, и градоначалникот Тони Трајаковски тврди дека нема да бега, а за недоаѓањето вината е во недоставени материјали  и оправдани отсуства.

Трајковски изјави дека ја доставил целата документација до Специјалното јавно обвинителство за предметот „Космос“

Во случајот „ТНТ“ обвинети се експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, за кој СЈО бараше мерка притвор. Основниот суд Скопје 1 ја одби мерката.

Градоначалникот на Гази Баба се товари за 2 кривични дела со минимална казна до 5 години.