Нема притвори, а судења? Новиот распоред на судии да не се поврзувал со предметите на СЈО !?

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Се отвара можноста судиите – проценители дополнително да ги заплеткаат и одолговлечат обвиненијата за сите 17 случаи на СЈО, сметаат судии од Основниот суд Скопје 1, а потоа апелација може да влечка колку што сака!

 

 Направен е  нов распоред на судиите, но тоа не било поврзано со  предметите на Специјалното јавно обвинителство посочуваат од Основен суд Скопје 1

Секое поврзување на измената на распоредот за работа на судиите со поднесените обвиненија од страна на СЈО, изнесено во одредени медиуми  е израз на непознавање на текот на кривичната постапка и води кон дезинформирање на јавноста – реагираше в.д претседателот на судот Стојанче Рибарев.
Оттаму велат дека во мај и јуни годинава судиите имале состаноци и ги истакнале потребите од измени во распоредот за работа.
Сепак, оваа измена на распоредот доаѓа, откако предметите што Катица Јанева ги достави до судот беа распределени кај неколку судии, од кои најголемиот дел се кај Моника Бохчовановска, сопруга на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. За стариот распоред, дел од судиите имаа забелешки, и сега некои од нив се уважени. Со ова се отвора прашањето, дали претходниот распоред на судиите, по кои беа распределени предметите на СЈО кај одредени судии – а на кој дел од судиите имаа забелешки – беше наменски направен.
Терен за блокада и одоговлекување

Седумте судии во Кривичниот суд во Скопје кои треба да ги проценат обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) имаат можности до недоглед да ја одолговлекуваат постапката во сите 17 предмети, тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК судии од Основниот суд кои се тргнати   од предметите на СЈО. Тие предупредуваат дека за случаите во кои е предвидена затворска казна до 5 години, можно е обвиненијата и целосно да бидат отфрлени.

Досега за случаите во кои се бараа мерки притвор или мерки на претпазливост, комплетните предмети со обвиненијата, се наоѓаа пред Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој ги одби сите притвори, до еден.

Допрва ќе се распоредуваат кај судиите кои треба да ги оценат, т.е. прифатат или отфрлат овие обвиненија  и допрва тече рокот од осум дена, обвинетите да поднесат приговор против обвиненијата.

Тука се отвара можноста судиите – проценители дополнително да ги заплеткаат и одолговлечат обвиненијата за сите 17 случаи на СЈО, сметаат судии од Основниот суд Скопје 1 за СДК.мк.

Едната можност е судијата или советот за проценка, по повод приговорот, да најдат дека постојат грешки или недостатоци во обвинителниот акт, па да му го вратат  на СЈО за подобро разјаснување на состојбата. Може и да побараат истрагата да се дополни. СЈО ќе има време од три дена да го донесе исправен обвинителниот акт, или да достави барање за доспроведување на истрагата.

До спроведување на истрагата ќе значи кочење и одолговлекување на постапката на неодредено време, а не се исклучени и одбивања на обвиненијата. СЈО секако дека ќе се жаи до Апелација но таму нема рок до кога ќе одговорат на жалбите.

Ристоска: Ќе поднесеме жалби на одбиените барања за притвор

фото СДК.мк