Нема седење и пиење кафе: За да се попише едно лице ќе бидат потребни пет минути

од Берта Китинска
440 прегледи

Обемната статистичка операција треба да започне на 5 септември и да трае до крајот на месецот. Се очекува со пописот да се види точната бројка на граѓани. После две декади ќе дознаеме и каков е составот на населението по возраст, образование, миграциски, ќе имаме информации и за економските карактеристики, државјанство, вера, мајчин јазик, но и кои се главните извори на приход на граѓаните, во какви станови и куќи живеат.

На прашањето на „Локално“ – Што треба граѓаните да знаат кога ќе дојде попишувач на нивната врата?, Симовски вели: само добра волја, документ за идентификација и  пет минути од своето време.

– Граѓаните пред се, треба да се идентификуваат со документ на кој ќе биде впишан  матичниот број, (лична карта, пасош, возачка дозвола инт.), а потоа да одговорат на прашањата на попишувачот. Ништо повеќе од тоа. Наша работа е по завршувањето на пописот, да ги провериме информаците (идентитетот на лицето, дали дало лажно информации) со базите на податоци .  Ако семејството соработува, попишувачот нема да се задржи повеќе од 15 до 20 минути, односно за да се попише едно лице, ќе бидат потребни само пет минути. Нема седење и пиење на кафе, поради ковид протоколите, вели Симовски.

Слични содржини