„Нема што повеќе да чекаме“

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Белоруската опозиција е подготвена за нова фаза на протести против властите во Минск, изјави денеска лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја.

„Нема што повеќе да чекаме, мора еднаш и засекогаш да го запреме теророт“, порача на социјалните мрежи Тихановскаја, која во моментов е во егзил во Литванија, пренесува „Ројтерс“.

Минатото лето избија масовни протести против претседателот Александар Лукашенко, откако тој прогласи победа на претседателските избори, за кои неговите противници рекоа дека се наместени, но набргу ја изгубија силата откако белоруските власти почнаа да ги сузбиваат.

Во неделата, белорускиот новинар Роман Проташевиќ, кого го бараа властите по минатогодишните масовни протести организирани поради контроверзната изборна победа на Александар Лукашенко, беше уапсен откако авион слета на аеродромот во Минск, што предизвика осуда од меѓународната заедница.

Слични содржини