Нема спас од посилните! Меѓународниот кривичен суд ги отфрли барањата на Маршалските Острови против трите нуклеарни држави

од desk3
59 прегледи

_80748184_18e5c06b-6e4b-4085-b61a-522f4b5a481f
Врховниот суд на ОН во средата го отфрли барањето на малите Маршалски Острови за судски процес против Велика Британија, бидејќи “не престанала со трката во нуклеарното вооружување”, пренесе AFP. Меѓународниот кривичен суд го направи тоа малку подоцна откако излезе со истото решение и побарувањата на Маршалските Острови против Индија и Пакистан на истата тема.
Судот стигнал до заклучок, дека во ниеден од случаите малата Пацифичка држава не докажала дека има реален спор со трите нуклеарни држави, и поради тоа тој нема овластување да заседава по овие обвинувања.