252
Најтрофејниот тениски турнир на Вимблдон официјално е откажан и нема да се одржи оваа година. Ова е случај за прв пат по Втората светска војна.
Одлуката се чекаше со оглед на пандемијата со коронавирусот, со кој беа откажани голем број на големи спортски настани, меѓу кои Европското првенство и Олимпијадата.
Организаторите на Вимблдон процениле дека не можат да го организираат турнирот на други датуми до крајот на годината и во целост решиле тој не се одржи.