НЕМА ТРАГИ ОД НАСИЛСТВО Полицајка најдена мртва во стан во Охрид

од Берта Китинска

Извршениот увид на лице место спроведен во координација со Јавен обвинител, а во присуство на медицински и полициски екипи, како и избршената обдукција покажале дека нема траги од насилство врз жената чие безживотно тело вчера беше откриено во стан во Охрид.

-Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека случајот би пријавен вчера во 15:45 часот дека во стан на улицата „Сирма Војвода“ била пронајдена починатата 42-годишна М.М.Ш. од Охрид.

Починатата е поранешна припадничка на полициската служба на која пред четири години и бил прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи, информираат од МИА.

Слични содржини