Нема веќе британски сој: СЗО ги промени имињата на варијантите на Ковид-19

од Nikola Popovski
418 прегледи

Од денес, на соевите на коронавирусот им се доделени букви од грчката азбука, со цел да се поедностави дискусијата и изговорот и да се избегне стигмата.

Светската здравствена организација ги откри новите имиња во понеделникот, поради критиките дека имињата дадени од научници на т.н. јужноафрикански сој – Б.1.351, 501Y.V2 и 20H / 501Y.V2 – биле премногу комплицирани.

Како такво, на четири соеви на коронавирус кои агенцијата на ООН ги смета за загрижувачки, а во јавноста се познати како британски сој, јужноафрикански, бразилски и индиски сој, сега им се дадени буквите Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривање.

Другите варијанти ќе бидат именувани според буквите од грчката азбука.

Изборот на грчката азбука следела по неколкумесечни размислувања, во кои експертите разгледуваа други можности, како што се грчки богови и измислија псевдо-класични имиња, открива бактериологот Марк Пален, кој бил вклучен во разговорите. Друга идеја беше да се именуваат соевите VOC1, VOC2, итн.

Вирусите често се поврзуваат со местото од каде потекнуваат и се именувани по него. Сепак, ова води до стигматизација на земјите, градовите и луѓето, затоа СЗО сака да избегне со оваа постапка.

„Ниту една земја не треба да биде стигматизирана за откривање и пријавување на варијанти“, рече епидемиологот Марија Ван Керкове.

Слични содржини