Постојат хороскопски знаци кои едноставно секогаш ја бараат љубовта на погрешно место.
Изгледа дека им е судено да се вљубат во оние кои никогаш не можат да ги сакаат назад.
Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
Овен
Овој храбар, силен, смел знак е исто така еден од оние кои бескрајно тргнуваат по луѓе кои не го сакаат – и упорно не ги сфаќаат нивните сигнали.
Овните имаат комплекс на спасител во себе и веруваат со целото свое срце дека ако сега не сте вљубени во нив, ќе бидете затоа што ќе ви покажат колку се навистина посебни.
Скорпија
Скорпиите имаат толку голема самодоверба што е речиси невозможно да поверуваат дека некој не ги сака. Затоа Скорпијата е секогаш шокирана и разочарана кога личноста која ја посакуваат не сака да има никаква врска со нив.
Тие едноставно не сакаат да веруваат во можноста дека ќе бидат одбиени или не им се допаѓаат на останатите, па затоа се обидуваат и повторно се обидуваат. Но штом конечно ќе го разберат сигналот на другиот – црно им се пишува.
Бик
Биковите се навикнати да го добиваат она што го сакаат. За жал, тие самите сметаат дека добивањето на она што го сакаат по некое време е досадно, па без да го знаат тоа, тие имаат тенденција да се вљубуваат во луѓе кои не можат да ги имаат.
Нивната упорна тврдоглавост не ги испушта и ќе се обидат да ја заведат токму таа личност која не ни забележува дека постојат. Нивното главно мото е: „Барем се обидов“.