Немало неправилности во гласањето со скафандери, известија од Државниот инспекторат за труд

од Nikola Popovski
213 прегледи

„При надзорот извршен на ден 19.04.2021 година не се констатирани неправилности. Мерките предвидени со наведената регулатива се во целост обезбедени од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Со ова Соопштение и појаснуваме на јавноста дека Претседателот на Собранието и Службите целосно ги следат протоколите за работа и дека седницата одржана на 18 април беше свикана, одржана и завршена со доследно следење на сите протоколи“, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден надзор, откако двајца пратеници позитивни на Ковид-19, викендов, гласаа во законодавниот дом со скафандери.

Според нив, од страна на Собранието беа приложени следниве документи кои што се поврзани со одржувањето на пленарните седници спред протоколите за заштита од КОВИД – 19:

„1. Решение за формирање на работна група за подготовка, реализација и организација на Конститутивна седница потпишано од генерален секретар на (арх. бр. 02-2141/1 од 22 јуни 2020 г.)
2. Протокол за организирање на Конститутивна седница поптпишан од членовите на Работната група (арх. бр. 02-2342/1 од 30 јули 2020 г. )
3. Барање за промена и дополнивање на Протоколот со арх. бр. 02-2342/1 до Комисија за заразни болести при Министерство за здравство потпишано од Претседателот Џафери (арх. бр. 02-2342/2 од 13 ноември 2020 г.)
4. Дополнение на Протоколот бр. 02-2342/1 од 30 јули 2020 г. За спроведување на гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација потпишано од потпишано од Претседателот Џафери ( арх. бр. 09-2342/3 од 17 ноември 2020 година)
5. Одговор на доставено предлог дополнување на постоечки протокол потшишан од Прим. д – р Жарко Караџовски, Комисија за заразни болести (арх. бр. 02-2342/4 од 18 ноември 2020 г.)“, велат од Инспекторатот.

Инпекторите извршиле увид во работните простории на Собранието, канцелариите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите во кои работат вкупно 264 вработени.

Дел од надзорот биле и посебните простории во кои гласаа изолираните пратеници.

Слични содржини